Во Србија 31 нови заразени, почина еден пациент


 

Според најновите податоци, во Србија, во последните 24 часа, откриени се уште 31 случај на корона вирус. Вкупниот број регистрирани во Србија до сега е 11.412.

Во последните 24 часа тестирани се 3.203 луѓе.

Почина еден човек, а од почетокот на епидемијата од Ковид-19 починаа 243 луѓе. Процентот на смртност сега е 2,13 отсто.

Во болница се 516 пациенти, а на респиратор 10.

До сега во Србија од корона вирус се излечија 6.698 лица.