Рускиот лек „авифавир“ достапен од 11 јуни?


 

Испораката на рускиот лек „авифавир“, што ќе се користи за лечење од корона вирус, може да почне од 11 јуни, најави рускиот Фонд за директни инвестиции.

Овој лек нема да го има во слободна продажба и ќе се користи само под надзор на медицински персонал, пишува московска „Известија“, а пренесе Тас.

Препаратот, како што најави Фондот, наводно ќе им биде испорачан на болниците во Русија на 11 јуни, а веќе се произведени 18.000 пакувања.

Вкупниот производствен капацитет е 60.000 пакувања месечно, односно 720.000 пакувања годишно, а лекот е одобрен од страна на руското Министерство за здравство и се најде во државниот регистар на лекови, пренесе Тас.