Навивачи во Хрватска најдоа начин да навиваат за својот клуб


 

Најверните навивачи на ФК Ријека, популарната Армада, најде начеин да го поддржи својот клуб во меќот од полуфиналето на Купот на Хрватска, иако им беше забранет влез на стадионот.

Според фотографиите на социјалните мрежи тие се качиле на ритчето над стадионот и од таму гласно ги поддржувале фудбалерите.

Во Хрватска, како и во многу земји продолжија фудбалските натпревари, но без присуство на публика.

„Армадата со песна дава добар ветар во грб за Белите“, објави Index.hr.

Во првиот полуфинален меч од Купот на хрватска, Локомотива од Загреб со пресврт го исфрли Славен Белупо и е прв финалист. Се чека победникот од Риека.