„Шведското сценарио“ по три месеци почна да дава резултати


Во последните 24 часа во Шведска нема забележан ни еден смртен случај од Ковид-19, прв пат по 13 март, соопштија денеска здравствените власти.
Меѓутоа, Ројтерс напоменува дека во текот на викендот, често доаѓа до доцнење на податоците во врска со вирусот во Шведска.
Портпаролот на шведската здравствена управа рече дека се случувало за време на викенд бројот на починати да биде еден или два, а следните денови, кога ќе стигнат сите податоци, да се бележи остар пораст на бројот на жртви.
Вкупно до сега во Шведска од Ковид-19 починаа 4.395 луѓе.
Според податоците на Worldometers, во последните 24 часа забележани се уште 429 случаи на корона вирус, со што вкупниот број порасна на 37.542.
Шведска, поради отворениот пристап кон пандемијата, заснован на  доброволно одржување дистанца во однос на другите луѓе и основната хигиена поединци ја критикуваа, наведувајќи дека се работи за опасен експеримент.  додека Светската здравствена организација ги пофали за овој пристап како модел за во иднина.

Шведска минатата недела забележа најголем број смртни случаи од корона вирус во Европа,  по глава на жител, во тек на седум дена, покажуваат податоците.