По три дена тестирано семејството на покојникот позитивен на Ковид-19


Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на корона вирус, денеска е тестирано. Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе.

Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот.

Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран Ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.