Нема новозаразени и мртви од Ковид-19 во Словенија и во Хрватска


 

Во Хрватска нема новозаболени од корона вирусот, соопшти денеска Националниот штаб.

До сега се тестирани 66.405 луѓе, од кои 261 во последните 24 часа.

Во болница има уште 23 пациенти, од кои четворица на респиратор.

Вкупниот број оздравени е 2.072, а од корона вирусот починаа 103 лица.

Националниот штаб повтори дека придржувањето до сите донесени мерки и упатства е од клучна важност затоа што со одговорно однесување може да биде намалено ширењето на заразата.

Тред ден без новозаразени во Словенија

Во Словенија трет ден по ред нема новозаболени од корона вирус, ниту нови смртни случаи, соопшти денеска словенечката влада.

Во изминатите 24 часа спроведени се 264 теста, пренесе СТА.

Во оваа земја од почетокот на епидемијата потврдени се 1.473 случаи од корона вирус, а починаа 108 луѓе.

Во болница има шест пациенти, од кои двајца на интензивна нега.