Османи предупредува: Денеска бројката е уште повознемирувачка!


Фото: Б. Грданоски

Вицепремиерот Бујар Османи утрово предупреди дека денеска бројката на новозаразени е уште повознемирувачка и апелира да се почитуваат мерките на претпазливост.

„Можноста да се биде позитивен или да се биде во контакт со некој кој е позитивен во последниве неколку денови е мошне голема. Затоа апелирам да се однесувате како да сте позитивни или како да е позитивен секој со кого контактирате. Не треба многу за да се заштитите: не верувајте им на теориите на заговор, маската ја намалува трансмисијата за 79%, не предизвикувајте смрт на вашите роднини“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.

Во П.С. тој напиша: Денеска бројката е уште повознемирувачка!

Османи и со вчерашниот пост утрото, уште пред да бидат објавени статистиките за последните 24 часа, предупреди дека бројот е висок, а потоа се покажа дека има нови 62 заразени. Ако вчера беше така, тогаш денеска може да очекуваме уште повисока бројка.

Неофицијално бројот на новозаразени е 90, а на починати 6.