Ограбена аптека во Скопје


Две засега непознати лица ноќеска, околу три часот, ограбиле аптека на улицата „Мирче Ацев“ во Скопје. Како што соопшти полицијата, лицата му се заканиле на вработениот во аптеката по што одзеле пари од прометот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се презмаат мерки за расчистување на случајот.

Во Албанија 151 новозразен, нов кластер затворот Дренова


Во Албанија не се намалува бројката на новозразени со Ковид-19 во едно деноноќие, што потврдува и бројката од 151 новозразено лице, што речиси е костантна бројка во последните два месеца. Понатаму главно жариште останува Тирана и Драч, од каде се 61 односно 27 од новозразените а се зголемува бројот на заразен во Корча,каде се 16 …

Во Албанија 151 новозразен, нов кластер затворот Дренова Read More »

Повеќе од 300 НВО бараат ОН да почне истрага за кршењето на човековите права во Кина


Повеќе од 300 невладини организации побараа од ООН да воспостави меѓународен механизам задолжен за истражување на кршењето на човековите права во Кина и ги повикаа највисоките органи на Светската организација да „дејствуваат решително“. Организации од повеќе од 60 земји испратија писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, високиот комесар за човекови права Мишел Бачеле …

Повеќе од 300 НВО бараат ОН да почне истрага за кршењето на човековите права во Кина Read More »

Маж почина откако падна во отвор за лифт во Скопје


Утрово во скопската полиција било пријавено дека маж пропаднал во лифт во објект што се гради на улицата „Пушкинова“. Имено, во зграда каде се изведуваат градежни работи, 37-годишник од скопското село Сарај пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на самото место. На локацијата извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Новата црногорска влада најавува: Остануваат химната и знамето, Косово е независно


Црногорската „тројка“ – Здравко Кривокапиќ, Дритан Абазовиќ и Алекса Бечиќ потпишаа, како што беше оценето во Црна Гора, историски договор за принципите на новата црногорска влада што ќе го наследи Мило Ѓукановиќ по 30 години на власт. Договорот го потпишале вчера, а денеска на прес-конференција ги соопштија деталите. Меѓу основните принципи на преамбулата на договорот …

Новата црногорска влада најавува: Остануваат химната и знамето, Косово е независно Read More »

Земјите од регионот бројат рекорди на новозаразени


Во Словенија денеска се забележани рекордни 79 нови случаи со корона вирус, а во моментот активни се 519. Во однос вчера ова е зголемување за 37 случаи, а досега во Словенија во еден ден беа забележани најмногу 61 случај, и тоа на 26 март. Нови жаришта се домови за стари лица, како и во училиштата …

Земјите од регионот бројат рекорди на новозаразени Read More »

Филипче утре на средба со претставници на здруженија на пациенти за предлогот за враќање на работа на хронично болните


Министерството за здравство соопшти дека утре претпладне, министерот за здравство Венко Филипче ќе се сретне со претставници на здруженијата на пациенти „Борка“, „Живот со предизвици“, Национално здружение за мултиплекс склероза, за хронична миелоична леукемија, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, „Нефрон“, Хепар центар, „Пеперутка“ и Алијанса на пациентски организации – АПО. На средбата, посочуваат …

Филипче утре на средба со претставници на здруженија на пациенти за предлогот за враќање на работа на хронично болните Read More »

СЗО: Безбедноста на вакцините е на прво место


Безбедноста на потенцијалната вакцина за коронавирусот е на прво место, изјави денеска главниот научник на Светската здравствена организација Сумја Сваминанатан откако беше прекинато клиничкото испитување на вакцината од Универзитетот во Оксфорд и АстраЗанека поради сомнежи дека кај еден доброволец дошло до несакани ефекти. Сваминатан рече дека тоа што се зборува за брзина не значи дека треба да се прават …

СЗО: Безбедноста на вакцините е на прво место Read More »

Од оџак во Лисиче извадени 10 килограми мед – спасено пчелно семејство


Изминатиов викенд во скопско Лисиче се случувала вистинска борба за да се спаси и на сигурно да се дислоцира едно големо семејство пчели. Се започнало кога пчеларот Марјан Станковски добива повик од пријател кој бара од него да даде совет како да се извади еден рој пчели кои се населиле во новоизградена куќа во населбата …

Од оџак во Лисиче извадени 10 килограми мед – спасено пчелно семејство Read More »

Се самоуби професор во затвор осуден за силување девојче


Професор кој беше на издржување затворска казна, си го одзел животот, дознава Алсат. Лицето С.М. беше обвинет за обид за силување на малолетно лице на возраст од 8 години. Настанот се случи во почетокот на годинава, а во полиција го пријавила мајката на девојчето.

Во возило во Куманово откриени 21 мигрант, од нив 10 малолетници


Полицијата во Куманово рано утрово во возило со штипски регистарски ознаки пронашле 21 мигрант, од кои 10 биле малолетници. Штипјанецот кој упраувал со возилото е приведен. Од МВР денеска информираа дека околу 1 часот во кумановското село Матејче, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски …

Во возило во Куманово откриени 21 мигрант, од нив 10 малолетници Read More »

Мадуро: Во септември пристигнува првата серија руска вакцина


Првата серија руска вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе пристигне во Венецуела кон крајот на овој месец за третата фаза од клиничките испитувања, најави венецуелскиот претседател Николас Мадуро. – Во септември, пристигнуваат првите вакцини од Русија за клинички испитувања, рече Мадуро во говор емитуван на Фејсбук. Тој додаде дека уште една серија вакцини ќе биде …

Мадуро: Во септември пристигнува првата серија руска вакцина Read More »

Нема повредени во пожарот во зградата на СЕП и МИА – не работел ни еден хидрант


Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција. Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила. Командантот на Територијалната …

Нема повредени во пожарот во зградата на СЕП и МИА – не работел ни еден хидрант Read More »

На Карпестите Планини во САД падна снег, температурата од 32 до 0 степени за 24 часа


  Летото нагло се прекина во делови од Карпестите Планини во САД во вторникот откако температурата која изнесуваше 32 степени Целзиусови падна на минус еден степен. Причина за температурниот шок е силен налет на студен воздух од Канада кој донесе снег и силен ветар во неколку држави. Ветрот корнел дрвја, натрупал снег и затворил делови …

На Карпестите Планини во САД падна снег, температурата од 32 до 0 степени за 24 часа Read More »

Успешен почеток со работа на градинката „Буба Мара“ во Аеродром


  Утрово со работа почнаа градинките во државата, а министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродорм. Директорката на градинката информирала дека денот успешно започнал, децата дошле во градинка заедно со своите родители, а при влез биле запазени сите протоколи за заштита од Ковид-19. Шахпаска …

Успешен почеток со работа на градинката „Буба Мара“ во Аеродром Read More »

Оксфорд паузира со испитувањата за вакцината за Ковид-19, необјаснива болест кај еден учесник


Компанијата „Астера зенека“ соопшти дека ги паузирала глобалните испитувања, вклучувајќи го и големото испитување во доцна фаза, на својата експериментална вакцина за коронавирус, поради необјаснета болест кај учесник во студијата. Вакцината, развиена со Универзитетот во Оксфорд, нашироко се сметаше за еден од водечките глобални кандидати против коронавирусот, а суспензијата на тестирањето ги намалува изгледите за …

Оксфорд паузира со испитувањата за вакцината за Ковид-19, необјаснива болест кај еден учесник Read More »

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000


Според податоците на интернет страницата Worldometers, бројот на луѓе кои досега починале од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000. Од вкупно 27.681.757 луѓе кај кои е потврден корона вирусот, досега починале 900.004 пациенти. Од почетокот на пандемијата, излекувани се 19.733.597 лица. На прво место во светот според бројот на заразени лица се САД со потврдени 6.504.531 случај, а …

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000 Read More »

Боки 13 итно опериран во поранешната Градска болница


Бојан Јовановски, алијас Боки 13, денеска бил итно пренесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна Градска болница во Скопје), објави вечерва Фактор. Причина, според болнички извори како што се наведува во веста, е силно воспаление на желудникот поради што ќе биде подложен на хируршки зафат. Јовановски и за време на рочиштата за предметот …

Боки 13 итно опериран во поранешната Градска болница Read More »

Аргентина: Професорка болна од Ковид-19 почина за време на онлајн настава


Професорката по историја на факултетот во Буенос Аирес Паола Де Симоне, болна од Ковид-19, почина во својот дом за време на онлајн настава. Нејзините студенти побарале да им ја каже адресата за да можат да повикаат Брза помош откако се пожалила дека има проблеми со дишењето, но таа изустила само „не можам“ и паднала на …

Аргентина: Професорка болна од Ковид-19 почина за време на онлајн настава Read More »

Премиерот на Франција Жан Кастекс бил во контакт со директорот на Тур де Франс,веднаш ќе биде тестиран за Ковид-19


Претседателот на француската Влада Жанс Кастекс ќе биде тестиран за Ковид-19, откако се утврди дека бил во контакт со директорот на трката Тур де Франс Кристијан Прудхом, кој е позитивен на вирусот, јави дописникот на МИА. – Премиерот седеше во автомобилот на директорот на трката Тур де Фран, Кристијан Прудхом во саботата за да ја …

Премиерот на Франција Жан Кастекс бил во контакт со директорот на Тур де Франс,веднаш ќе биде тестиран за Ковид-19 Read More »