Маж почина откако падна во отвор за лифт во Скопје


Утрово во скопската полиција било пријавено дека маж пропаднал во лифт во објект што се гради на улицата „Пушкинова“.

Имено, во зграда каде се изведуваат градежни работи, 37-годишник од скопското село Сарај пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на самото место.

На локацијата извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.