Во Албанија 151 новозразен, нов кластер затворот Дренова


Во Албанија не се намалува бројката на новозразени со Ковид-19 во едно деноноќие, што потврдува и бројката од 151 новозразено лице, што речиси е костантна бројка во последните два месеца.

Понатаму главно жариште останува Тирана и Драч, од каде се 61 односно 27 од новозразените а се зголемува бројот на заразен во Корча,каде се 16 од денеска потврдените.

Според Министертвото за здратсво во изминатите 24 часа оздравеле 45, додека почнало едно лице од Корча.

Медумите тврдат дека нов кластер е затворот Дренова кај Корча ибараат поголем транспарентност за состојбата во установата, наведувајќи дека таму има најмалку 10 заразени затвореници и еден починат. Станува збор за затвореници од одделот со високо ниво на обезбедување, додека во изолација се остантите затвореници во овој оддел.

И покрај ставот на експерите од оваа област дека е потребно да се прават од 2.500-3000 тестови дневно, во просек се прават по нешто повеќе од 800 тестови.

Од појавата на паднемијата во почетокот на март до сега направени се 70.410 тестови, позитвен резултат е добиен кај 10.704 што подразбира дека 15 отсто од тестираните биле позитивни на вирусот. Оздравеле 6.284, починале 322,  додека активни на болеста се 4.098, од нив 192 се хоспиталзирани во двете ковид болници, при што 24 се во потешка здравствена состојба.