Земјите од регионот бројат рекорди на новозаразени


Во Словенија денеска се забележани рекордни 79 нови случаи со корона вирус, а во моментот активни се 519.

Во однос вчера ова е зголемување за 37 случаи, а досега во Словенија во еден ден беа забележани најмногу 61 случај, и тоа на 26 март. Нови жаришта се домови за стари лица, како и во училиштата кои почнаа со работа минатата недела. Во болница се 33 пациенти, од кои четворица на интензивна нега. Нема нови смртни случаи, па вкупниот број жртви останува 135.

Во Србија во последните 24 часа потврдени се 84 нови случаи, а еден почина.

Во Хрватска пак бројт на новозаболени никако да се намали. Денеска се регистрирани нови 341 случај. Почина едно лице. Досега во Хрватска заразени се 12.626, а починаа 206, додека оздравеа 9.833.

Во Босна и Херцеговина заразени се уште 293 лица, од кои во Федерацијата 203, а во Република Српска 90. Во федерацијата регистрирани се шест смртни случаи, со што бројот на жртви се искачи на 391.

И Црна Гора денеска запиша црн рекорд, со 216 новозаболени, најмногу од почетокот на епидемијата во еден ден. Починаа тројца пациенти, со што вкупниот број изнесува 112. Активни се уште 1.451, а од почетокот на епидемијата инфицирани се 5.875 луѓе.

Во Косово регистрирани се нови шест смртни случаи, со што бројот на жртви се искачи на 574. Во последните 24 часа се излекувале 144 пациенти, а активни се уште 2.877. Најмногу заразени има и понатаму во Приштина.