На Карпестите Планини во САД падна снег, температурата од 32 до 0 степени за 24 часа

 

Летото нагло се прекина во делови од Карпестите Планини во САД во вторникот откако температурата која изнесуваше 32 степени Целзиусови падна на минус еден степен.

Причина за температурниот шок е силен налет на студен воздух од Канада кој донесе снег и силен ветар во неколку држави.

Ветрот корнел дрвја, натрупал снег и затворил делови од патита, а стотици илјади домаќинства и фирми останаа без струја.

Но, заладувањето придонесе за гасење на шумските пожари во Колорадо и во Монтана каде луѓето поради огнот ги напуштија своите домови.

Снег падна и во Вајоминг.

Оддалечен од океанот и неговоот влијание кое ги ублажува промените на времето, во Колорадо не се чудни вакви нагли промени. Но, пад на температурата во градот Денвер од 34 степени во понеделникот на 0 степени во вторникот, се случи многу порадно од вообичаеното, вели државниот климатолог Рас Шумахер.

Државната метеоролошка служба забележала само шест такви денови од 1872 година кога температурата паѓала повеќе од 30 степени во еден ден, а сите тие биле во текот на зимата. Последен таков пад се случи во саботата кога температурата во тој град достигна 38 степени Целзиусови и беше еден од најтоплите денови во септември до сега, вели тој.

Иако Шумахер, вонреден професор на Државниот универзитет во Колорадо, верува дека климатските промени придонеле за толкава жештина ширум западниот дел на САД, која подгреа пожари, се уште не е јасно дали климатските промени имале улога во доаѓањето на студениот фронт и екстремниот пад на температурите.

Во Јута, каде температурите нагло паднаа за повеќе од 20 степени, ударите на ветрот стигнале до 100 км/ч, соборувале дрвја и го откажале почетокот на школската година која требаше да се одвива онлајн. Надлежните ги предупредија луѓето да не излегуваат надвор за да избегнат паѓање дрвја и покриви, бандери и кабли. Бурата оддува и неколку камиони – шлепери на северот на Јута.

Паднаа 15 см снег, некаде и повеќе, а на Карпестите Планини повеќе од 68 см, соопшти Националната метеоролошка служба.

Се очекува времето постепено да се стабилизира и за викендот температурите да достигнат до 25 степени Целзиусови, во подрачјето на Денвер.