Досега 15 средни и 21 основно училиште побарале да организираат настава со физичко присуство


 Досега 36 училишта, од кои 15 се средни и 21 основно, поднеле барања за дозвола да организираат настава со физичко присуство. Денеска истекува докот за доставување на барањата, кои ги разгледува владина комисија, по што ќе даде конечна оценка дали можат да огранизираат настава со физичко присуство согласно здравствените протоколи за фунционирање во време на …

Досега 15 средни и 21 основно училиште побарале да организираат настава со физичко присуство Read More »

РКЕ се пожали кај ЕЗ, ЕУ и САД дека ВМРО-ДПМНЕ и врши директен притисок


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава поврзани со одлуката од 21 јули 2020 година за одобрување на регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на …

РКЕ се пожали кај ЕЗ, ЕУ и САД дека ВМРО-ДПМНЕ и врши директен притисок Read More »

Филипче: Хронично болните до 23 септември треба да добијат потврда од специјалист


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставниците на здруженијата на пациенти кои ги изнесоа своите предлози за доследно спроведување на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот. – Станува збор за широка категорија …

Филипче: Хронично болните до 23 септември треба да добијат потврда од специјалист Read More »

Протести во Богота поради насилна смрт на сограѓанин


Стотици жители на колумбиската престолнина Богота протестираа поради убиството на еден нивни сограѓанин, откако беше приведен од полицијата, поради кршење на мерките за физичка дистанца поради пандемијата на коронавирус. Хавиер Умберто Ордоњес (46) бил уапсен од полицијата вчера за пиење алкохол на улица во друштво на други лица. Пред да биде приведен, двајца полицајци го …

Протести во Богота поради насилна смрт на сограѓанин Read More »

МВР: Приведен напаѓачот на новинарската екипа на Ал Џазира


На протестот, што синоќа го одржа опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека М.С во 18.30 часот, пријавила дека на ул.„Македонија“, каде се одвивал протест, а …

МВР: Приведен напаѓачот на новинарската екипа на Ал Џазира Read More »

Познат идентитетот на убиената гостиварчанка, осомничениот во бегство


Познат е идентитетот на убиената гостиварчанка. Станува збор за Џ.И. од населбата Бањешница, а осомничен е нејзиниот 67-годишен сопруг Џ.И, кој е во бегство. Случајот го пријавил нивниот 33-годишен син, кој утринава околу 6 часот ја нашол убиената во спалната соба со повреди по телото.  Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож …

Познат идентитетот на убиената гостиварчанка, осомничениот во бегство Read More »

Епидемиолозите ги предупредуваат Црногорците: Да се вклучат сите политичари, верски лидери, спортисти


  Откако вчера, втор ден по ред во Црна Гора беа регистрирани повеќе од 200 новозаболени до Ковид-19, водечкиот епидемиолог Бобан Мугоша предупреди дека епидемиолошката ситуација во Црна Гора е многу сериозна и оди накај драматичма. Мугоша кој е директор на црногорскиот институт за јавно здравје, рече дека анализите покажуваат дека речиси 30 отсто од …

Епидемиолозите ги предупредуваат Црногорците: Да се вклучат сите политичари, верски лидери, спортисти Read More »

Маричиќ: Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ не ја интересира правда


Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ покажа на дело дека за правда не е заинтересирана. Три години господинот Мицкоски имаше подадена рака за многу законски проекти за реформа на правосудството, вели новиот министер за правда, Бојан Маричиќ за Дојче веле. -Секако, опозицијата има право да протестира кога сака и каде сака. Тоа е плод на нашата демократија. …

Маричиќ: Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ не ја интересира правда Read More »

Маж од Гостивар ја убил сопругата со нож и секира


Во Гостивар е убиена 60-годишна жена, а осомничен е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого подолго време имала нарушени односи. Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Осомничениот во моментот е недостапен за органите на прогонот. Случајот е пријавен утринава околу 7 часот …

Маж од Гостивар ја убил сопругата со нож и секира Read More »

Помпео: Постои значителна шанса дека високи руски претставници наредиле труење на Навални


Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека постои „значителна шанса“ високи руски претставници да наредиле наводно труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални. – Постои значителна шанса дека ова всушност потекнува од високи руски функционери, се наведува во транскриптот на Стејт департментот што изјавил Помпео за една радио станица. Помпео рече дека САД проценуваат како …

Помпео: Постои значителна шанса дека високи руски претставници наредиле труење на Навални Read More »

Значително опаѓа посетеноста во Охрид и туристичките населби на брегот на Охридското Езеро


Одложувањето на почетокот на училишната година и убавото време ја продолжија сезоната на охридското крајбрежје, но посетеноста на градот и околните места забележително опаѓа. Изминатиот викенд во градот имаше солидна посетеност, оние што можеа го споија викендот со неработниот ден по повод националниот празник, но веќе сега градот ја добива онаа своја слика, карактеристична за …

Значително опаѓа посетеноста во Охрид и туристичките населби на брегот на Охридското Езеро Read More »

Во изминатите 24 часа 391 казна за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 391 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Борис Џонсон најави масовно тестирање во Велика Британија


Британскиот премиер Борис Џонсон се заложи за масовно тестирање за коронавирус на граѓаните во Велика Британија со цел да им се овозможи на луѓето „да водат понормален живот“ до следната пролет, а тој ги оцени напорите на владата кон таа цел како „голем чекор напред“. Џонсон на прес-конференција рече дека сака побрзо и полесно тестирање …

Борис Џонсон најави масовно тестирање во Велика Британија Read More »

Хаос на автопатот кај Загреб: По судар се запалиле возила


  На автопатот А3 во Хрватска (СЛавонски Брод-Загреб) горат повеќе возила, кои денеска околу 16.30 часот се судриле, а потоа се запалиле. Сообраќајот е потполно сопрен. Неофицијално, како што јавуваат хрватските медиуми се судриле две товарни возила и два автомобили. „Поминувавме во спротивната лента и видовме густ чад, кога дојдовме поблиску, глетката беше страшна“, вели …

Хаос на автопатот кај Загреб: По судар се запалиле возила Read More »

Ограбена аптека во Скопје


Две засега непознати лица ноќеска, околу три часот, ограбиле аптека на улицата „Мирче Ацев“ во Скопје. Како што соопшти полицијата, лицата му се заканиле на вработениот во аптеката по што одзеле пари од прометот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се презмаат мерки за расчистување на случајот.

Во Албанија 151 новозразен, нов кластер затворот Дренова


Во Албанија не се намалува бројката на новозразени со Ковид-19 во едно деноноќие, што потврдува и бројката од 151 новозразено лице, што речиси е костантна бројка во последните два месеца. Понатаму главно жариште останува Тирана и Драч, од каде се 61 односно 27 од новозразените а се зголемува бројот на заразен во Корча,каде се 16 …

Во Албанија 151 новозразен, нов кластер затворот Дренова Read More »

Повеќе од 300 НВО бараат ОН да почне истрага за кршењето на човековите права во Кина


Повеќе од 300 невладини организации побараа од ООН да воспостави меѓународен механизам задолжен за истражување на кршењето на човековите права во Кина и ги повикаа највисоките органи на Светската организација да „дејствуваат решително“. Организации од повеќе од 60 земји испратија писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, високиот комесар за човекови права Мишел Бачеле …

Повеќе од 300 НВО бараат ОН да почне истрага за кршењето на човековите права во Кина Read More »

Маж почина откако падна во отвор за лифт во Скопје


Утрово во скопската полиција било пријавено дека маж пропаднал во лифт во објект што се гради на улицата „Пушкинова“. Имено, во зграда каде се изведуваат градежни работи, 37-годишник од скопското село Сарај пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на самото место. На локацијата извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Новата црногорска влада најавува: Остануваат химната и знамето, Косово е независно


Црногорската „тројка“ – Здравко Кривокапиќ, Дритан Абазовиќ и Алекса Бечиќ потпишаа, како што беше оценето во Црна Гора, историски договор за принципите на новата црногорска влада што ќе го наследи Мило Ѓукановиќ по 30 години на власт. Договорот го потпишале вчера, а денеска на прес-конференција ги соопштија деталите. Меѓу основните принципи на преамбулата на договорот …

Новата црногорска влада најавува: Остануваат химната и знамето, Косово е независно Read More »