Познат идентитетот на убиената гостиварчанка, осомничениот во бегство


Познат е идентитетот на убиената гостиварчанка. Станува збор за Џ.И. од населбата Бањешница, а осомничен е нејзиниот 67-годишен сопруг Џ.И, кој е во бегство.
Случајот го пријавил нивниот 33-годишен син, кој утринава околу 6 часот ја нашол убиената во спалната соба со повреди по телото.  Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.
Соседите околу 06:30 часот слушнале викотници по што дошле полициски службеници.