Хаос на автопатот кај Загреб: По судар се запалиле возила


 

На автопатот А3 во Хрватска (СЛавонски Брод-Загреб) горат повеќе возила, кои денеска околу 16.30 часот се судриле, а потоа се запалиле.

Сообраќајот е потполно сопрен.

Неофицијално, како што јавуваат хрватските медиуми се судриле две товарни возила и два автомобили.

„Поминувавме во спротивната лента и видовме густ чад, кога дојдовме поблиску, глетката беше страшна“, вели еден очевидец.

Поради сообраќајката сообрајќајот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни патишта.