Грчките медиуми за изборите кај нас


„Северна Македонија: Владејачката партија на Заев победник на парламентарните избори“; „Избори трилер во Скопје“; „Северна Македонија: Зоран Заев победник на парламентарните избори“; „Избори во Скопје: Зоран Заев победник со мала разлика“; „Мала предност за партијата на Заев“; „Изборен трилер со мало водство на Заев“, се дел од насловите во грчките медиуми, во текстовите објавени во …

Грчките медиуми за изборите кај нас Read More »

СЗО: Бројот на жртвите од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на жртви од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000 и дека пикот на епидемијата во овој дел од светот се очекува следниот месец, јави Би-Би-Си. Бразил е најтешко погодена земја од заразата со речиси два милиона инфицирани и 75.000 смртни случаи, и е на второ место во светот, …

СЗО: Бројот на жртвите од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000 Read More »

СДСМ во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ по пребројани 90 отсто од избирачките места


Според првичните резултати од електронскиот внес на Државната изборна комисија (ДИК), СДСМ и коалицијата водат по пребројани 90 отсто од избирачките места (3.130 од 3.480). Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 272.881 глас или 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 262.168 гласа или 34,73 отсто. За ДУИ гласале 86.816 или 11,5 отсто, за Албанците …

СДСМ во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ по пребројани 90 отсто од избирачките места Read More »

Еве што се појави на time.mk


Пораки против Македонија, водењето политика во земјава, место влез во најголемиот агрегатор на вести time.mk. Сајтот на агрегаторот беше хакиран од непознати сторители. И страницата на Државната изборна комисија беше хакирана, па така таа цела вечер не можеше да ги објавува резултати од неизвесната изборна трка. Резултатите беа објавувани преку стриминг на Јутјуб канал, но …

Еве што се појави на time.mk Read More »

(Видео) Изјава на Зоран Заев


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе се обрати по сумирањето на првичните резултати од предвремените парламентарни избори. Проследете ја во живо: https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/940985899749577/

СДСМ во Центар слави победа


Според последните официјални податоци од ДИК, СДСМ е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ со околу еден отсто разлика, но тоа е доволна причина владејачката партија да слави победа на предвремените парламентарни избори, во Центар. И Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ понесен од резултатите,  на социјалните мрежи сподели видео од штабот во општината каде се скандира …

СДСМ во Центар слави победа Read More »

ДИК: СДСМ 36,48, ВМРО-ДПМНЕ 35,47, ДУИ 10,73, АА и А 8,41


Од преброени гласови од 2.800 од вкупно 3.480  гласачки места, или околу 80 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,48 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ со 35,47. Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не …

ДИК: СДСМ 36,48, ВМРО-ДПМНЕ 35,47, ДУИ 10,73, АА и А 8,41 Read More »

Гејтс, Бафет, Маск со хакирани Твитер профили


Сметките на Твитер на Бил Гектс, Барак Обама, Џеф Безос, Џо Бајден, Елон Маск и многу други мултимилијардери и лица од висок профил и компании станаа жртви на една од најголемите сабјер измами во историјата на Интернетот. На нив се појавија пораки во кои се промовира биткоин валутата. Осомничените биткоин измамници ја презеле контролата врз …

Гејтс, Бафет, Маск со хакирани Твитер профили Read More »

Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок, оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади гласови и 12 пратенички мандати. – Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите …

Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати Read More »

Во Бразил новозаразени со Ковид-19 речиси 40.000 луѓе


Во Бразил беа потврдени 39.924 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во последните 24 часа. Со тоа, бројот на заразени лица во таа држава е близу  два милиона, соопшти Министерството за здравство. Во Бразил се заразени 1.996.748 лица од почетокот на епидемијата. Во изминатите 24 часа починале 1.233 лица, со што вкупниот број на …

Во Бразил новозаразени со Ковид-19 речиси 40.000 луѓе Read More »

Насер Зибери: Убедлива победа на концептот „прв премиер Албанец“


Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери пред новинарите во седиштето на партија изјави дека бележат убедлива победа во многу места низ државата. – Резултатите, неофицијални прелиминарни се разбира, говорат за убедлива победа во речиси сите населени места од најјужните од Ресен, Битола, Струга и Дебар, завршувајќи со Лојане на север. Чекаме официјални од …

Насер Зибери: Убедлива победа на концептот „прв премиер Албанец“ Read More »

Села: Арачиново повторно е бастион на Албанците, во Сарај се случи „полнење на кутии“


Коалицијата „Сега е време” предводена од Алијанса за Албанците и Алтернатива води во поголемиот број на општините во ИЕ 6. Ова вечерва го изјави лидерот на АА, Зиадин Села, кој истакна дека тие водат во Гостивар, Боговиње, Неготино и Врапчиште, како и во Теарце и Брвеница. – Чекаме резултати од Тетово. Ситуација во овој град …

Села: Арачиново повторно е бастион на Албанците, во Сарај се случи „полнење на кутии“ Read More »

(Видео) Прес на СДСМ


СДСМ, според сопствените податоци, потврдува дека има растечки тренд за победа на нивната партија и Коалицијата „Можеме“. https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/709197336325856/

Страницата на ДИК под сајбер-напад, исто и time.mk и неколку медиуми


Софтверот на Државната изборна комисија (ДИК) е цел на хакерски напад од надвор и тоа е причината поради која сѐ уште не може да ги објават резултатите од денешното гласање за предвремените парламентарни избори. Како што појасни претседателот на ДИК, Оливер-Деркоски, на прес-конференција, во ДИК ги добиваат резултатите, но не можат да ги направат достапни …

Страницата на ДИК под сајбер-напад, исто и time.mk и неколку медиуми Read More »

(Видео) Прес на ДИК откако им падна страницата


Државната изборна комисија одржува прес-конференција на која се очекува да објасни која беше причината што нивната страница не ги покажува резултатите од изборите, во текот на пребројувањето гласови.

Османи: ДУИ оствари убедлива победа во сите избирачки места во Тетово


Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на втората прес-конференција по завршување на изборниот ден наброја неколку градови и општини каде, според него, партијата извојувала убедлива победа. – Во оваа прилика ќе ги набројам само местата каде според пристигнатите резултати имаме убедлива победа. ДУИ победува почнувајќи од Тетово со убедлива победа во сите избирачки места, голема разлика …

Османи: ДУИ оствари убедлива победа во сите избирачки места во Тетово Read More »

Џелал Бајрами: Изборите се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број нерегулраности


Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето констатира дека парламентарните избори 2020 година се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број нерегулраности, соопшти вечерва јавниот обвинител Џелал Бајрами, претседател на Комисијата. На електронската адреса [email protected] на која граѓаните можеа да пријават сомнежи за сторено кривично дело поврзано со изборите …

Џелал Бајрами: Изборите се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број нерегулраности Read More »

Црна Гора: Самоизолација од 21 ден за контакт со заболен


  Националното координативно тело за заразни болести на црна Гора одлучи самоизолацијата на контактите со заболен од Ковид-19 да трае 21 ден. пишуваат медиумите од Подгорица. На предлог на Институтот за јавно здравје Националното тело, одлучи да ги измени наредбите на Министерството за здравство кои се однесуваат на карантин и самоизолација на лицата кои биле …

Црна Гора: Самоизолација од 21 ден за контакт со заболен Read More »

Чулев: Приведени осуммина, констатирани девет прекршоци


Осум лица се приведени во текот на изборниот ден, евидентирани 151 настан, од кој за 31 настан наводите во пријавите по истите не се потврдени. Констатирани  девет прекршоци е билансот кој Министерството за внатрешни работи го сумира на крајот на денот, по затворањето на избирачките места. – Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и …

Чулев: Приведени осуммина, констатирани девет прекршоци Read More »