Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати

Нашите барања се легитимни, денеска Премиер, утре Претседател на државата: Али Ахмети

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок, оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади гласови и 12 пратенички мандати.

– Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас. Ние обезбедивме над 100 илјади гласови, 12 мандати, а се очекува уште еден 13-ти. Благодарен сум што имав можност да ја соопштам оваа најдобра вест за Албанците и апсолутна победа, истакна Али Ахмети пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.

Според него, ДУИ има најдобри резултати во изборните единици 1, 2, 5 и 6.