Црна Гора: Самоизолација од 21 ден за контакт со заболен


 

Националното координативно тело за заразни болести на црна Гора одлучи самоизолацијата на контактите со заболен од Ковид-19 да трае 21 ден. пишуваат медиумите од Подгорица.

На предлог на Институтот за јавно здравје Националното тело, одлучи да ги измени наредбите на Министерството за здравство кои се однесуваат на карантин и самоизолација на лицата кои биле или се сомнева дека биле во контакт со заболени од Ковид-19 или за контакт со лица за кои постои сомнеж дека се заболени од оваа болест, соопштија од Владата на Црна Гора.

Самоизолација до оздравување, а најмалку 21 ден, одредена и за оние кои имаат позитивен ПЦР тест на новиот корона вирус, имаат благи симптоми или се без симптоми на болеста.

Сепак, за оние кои доаѓаат од странство останува карантин од 14 дена.