Села: Арачиново повторно е бастион на Албанците, во Сарај се случи „полнење на кутии“

Коалицијата „Сега е време” предводена од Алијанса за Албанците и Алтернатива води во поголемиот број на општините во ИЕ 6. Ова вечерва го изјави лидерот на АА, Зиадин Села, кој истакна дека тие водат во Гостивар, Боговиње, Неготино и Врапчиште, како и во Теарце и Брвеница.

– Чекаме резултати од Тетово. Ситуација во овој град е изедначена и балансирана. Голем успех имаме во Арачиново и ова општина е вратена како бастион на Албанците, а во Општина Гази Баба и во легендарното Куманово. Победуваме и во Студеничани. Успех имаме и во Сарај, но тука се случи феноменот на полнење на кутии. За овие случаи ние ќе поднесеме приговори, за некој села и се разбира чекам резултати да нашата коалиција излезе победничка, рече Села.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето излагање им се заблагодари на активистите за големата битка и искреноста што ја покажале во изминатите денови на кампањата.

– Мислам дека ова волја на Албанците која што се кристализира сега, многу време и после овие избори ќе издвои победа во албанскиот блок. Од сегашните бројки што ги имаме покажуват дека ќе имаме тесен резултат со една предност што ние очекуваме да ја имаме. Народот го кажа своето, ние го почитуваме нивното право и глас. Но тие што ги наполниле кутите не се гласот на народот. Тој глас нема да го прифатиме, рече Гаши.