СДСМ во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ по пребројани 90 отсто од избирачките места


Според првичните резултати од електронскиот внес на Државната изборна комисија (ДИК), СДСМ и коалицијата водат по пребројани 90 отсто од избирачките места (3.130 од 3.480).

Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 272.881 глас или 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 262.168 гласа или 34,73 отсто.

За ДУИ гласале 86.816 или 11,5 отсто, за Албанците и Алтернатива 66.193 или 8,77, за Левица 29.851 или 3,95, за ДПА 11.021 или 1,46 и за Интегра 10.082 или 1,34 отсто