ЕУ обезбеди 30.000 дози Ремдесивир за лекување на Ковид-19


Европска Унија потпиша договор со американската фармацевстка компанија „Џилид“ (Gilead) за набавка на лекот Веклури, познат под името Ремдесивир. Од почетокот на август лекот ќе биде достапен за 30.000 пациенти со тешки симптоми на Ковид-19 во сите земји-членки на ЕУ и во Велика Британија. Европска комисија соопшти дека за лекот издвоени се 63 милиони евра. …

ЕУ обезбеди 30.000 дози Ремдесивир за лекување на Ковид-19 Read More »

МВР постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено и ЈО


Единицата за економски и компјутерски криминал – СВР Скопје постапува за нелегални градежни активности во реонот на трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека за преземените мерки и …

МВР постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено и ЈО Read More »

Двајца велосипедисти завршија во болница откако се судриле на Кеј


На 28.07.2020 во 20.00 часот на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван С.А.Д.(52), а другиот од Н.К.(35), и двајцата од Скопје. По незгодата, велосипедистите биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни,  а на Н.К. телесни повреди. …

Двајца велосипедисти завршија во болница откако се судриле на Кеј Read More »

Во Србија нови 372 заразени, починаа седуммина


  Според последните податоци во Србија се регистрирани 372 нови случаи со корона вирус во последните 24 часа. Починаа седум пациенти. Според Министерството за здравство на респиратори во болниците се 143 пациенти, што е за 13 помалку од вчера. „Белград е темпирана бомба и така ќе биде се додека трае пандемијата“, рече денеска д-р Предраг …

Во Србија нови 372 заразени, починаа седуммина Read More »

Во Хрватска нови 71 случај со Ковид-19


  Во Хрватска денеска се регистрирани нови 71 случај со корона вирус, а во моментот има 754 активни случаи. Според министерот за здравство Вили Берош, трендот е намалување на активните случаи. Днееска почина уште еден пациент, со што вкупниот број се искачи на 141. Во болница се 132 лица, од кои девет на респиратор. Од …

Во Хрватска нови 71 случај со Ковид-19 Read More »

Шилегов: Треба референдум за Универзална сала


Референдум на кој граѓаните ќе одлучат што да се прави со објектот на Универзалната сала во Скопје, е една од опциите кои ги најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешниот брифинг. – Нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Првата опција е изградба на нова Универзална сала на постојната локација, втората е изградба на …

Шилегов: Треба референдум за Универзална сала Read More »

Рекордни 363 новозаразени во БиХ, десетмина починаа


  Во изминатите 24 часа во БиХ регистрирани се 363 нови случаи со корона вирус, на тестирани 1.669 примероци, од кои во Федерацијата 227 позитивни, а во Република Српска 136. Во Федерацијата биле тестирани 994 примероци, а вкупно од почетокот на епидемијата 84.699. Ковид-19 е потврден кај 6.332 лица. Оздравеле 3.165 пациенти, активни се 3.022, …

Рекордни 363 новозаразени во БиХ, десетмина починаа Read More »

Почина министер од Кoвид-19 во БиХ


Министерот за прашања на борците и инвалидите во Владата на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ почина денеска на Клиниката за пулмологија во Сараево, објави порталот Klix.ba. Тој десетина дена бил хоспитализиран откако му се влошила здравствената состојба и тестирањето покажало дека е позитивен на Ковид-19. Здравствената состојба на Букваревиќ се влошила во понеделникот, а претходните денови …

Почина министер од Кoвид-19 во БиХ Read More »

Пожар во селата околу Требиње, се слушнале 20 експлозии


  Во тек е гасење на пожарот кја Требиње, Босна и Херцеговина, кој почна вчера околу 13 часот и се прошири кон околните села, а денеска се слушанле 20-тина експлозии. Тоа им го отежнува гасењето на пожарот на пожарникарите. Мештаните од неколку села велат дека и порано тука имало пожари, но овој е најлош досега, …

Пожар во селата околу Требиње, се слушнале 20 експлозии Read More »

Германска студија: Еден од пет пациенти хоспитализирани со Ковид-19 починал


Повеќе од една петтина од пациентите со Ковид-19 кои добиле болничка нега во Германија на почетокот на оваа година починале, покажа една студија. Според истражувањето, стапката на морталитет кај оние што биел на респиратори била дури и повисока, односно 53 проценти. Студијата ја спровел Институтот за научни истражувања WIdO на АОК, еден од најголемите провајдери …

Германска студија: Еден од пет пациенти хоспитализирани со Ковид-19 починал Read More »

Русија планира прва да одобри вакцина за корона вирусот


Русија има намера, за помалку од две недели, да биде првата земја во светот што ќе ја одобри вакцината против коронавирусот. Руските власти за Си-Ен-Ен изјавија дека работат на тоа вакцината, изработена од московскиот институт „Гамалеја“, да се одобри до 10 август или порано. Таа ќе биде одобрена за јавна употреба, а први ќе ја …

Русија планира прва да одобри вакцина за корона вирусот Read More »

Идната недела медицински тимови од Шведска и од Словенија во државава, најавена помош и од Германија


Во првата недела од август преку Механизмот за цивилна заштита, а по барање на Министерството за здравство, во државава ќе пристигне медицински тим од Кралството Шведска, во чиј состав ќе бидат десет медицински сестри и еден лекар. Во најава е и пристигнување на медицински тим од Република Словенија. Трошоците за патувањето и сместувањето ќе бидат …

Идната недела медицински тимови од Шведска и од Словенија во државава, најавена помош и од Германија Read More »

Шилегов: Никој нема донесено одлука за Универзална


  Досега никој нема донесено каква било одлука за Универзална сала, објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на „Фејсбук“. Тој најави дека во 13 часот во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи брифинг со новинари за Универзална сала. „На овој брифинг, јавноста ќе биде запознаена со сите досегашни постапки кои се …

Шилегов: Никој нема донесено одлука за Универзална Read More »

Во Бугарија нови 250 заболени од Ковид-19


  Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во Бугарија се зголеми за 250, а вкупниот број инфицирани во таа земја достигна 10.871, од кои 4.750 се активни. Во последното деноноќие починаа уште осум пациенти, а вкупниот број смртни слуачи е 355, пренесе агенцијата БТА. Во моментот во болница се 699 лица, а 40 на интензивна …

Во Бугарија нови 250 заболени од Ковид-19 Read More »

ССМ: Работодавачите да го заштитат здравјето на работниците во услови на топлотен бран


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува сите работодавачи, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, како и одредбите од …

ССМ: Работодавачите да го заштитат здравјето на работниците во услови на топлотен бран Read More »

ЗНМ со остра осуда на заканите кон Дерала и Сарачини


Здружението на новинари (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на јавно искажаните закани и омаловажувања со елементи на говор на омраза упатени преку социјалната мрежа Фејсбук, до новинарите и активистите на „Цивил медиа“, Џабир Дерала и Петрит Сарачини. На оваа социјална мрежа, личност со профил именуван како „Марјан Камиловски“ …

ЗНМ со остра осуда на заканите кон Дерала и Сарачини Read More »

Лекот „Актемра“ не е делотворен против Ковид-19


Лекот против артритис „Актемра“ (Actemra) на швајцарскиот фармацевски концерн „Рош“ (Roche) не е успешен како терапија за пациентите инфицирани со новиот коронавирус. Клиничка студија покажа дека „Актемра“ не довел до никакво подобрување кај хоспитализираните пациенти кои имале воспаление на белите дробови предизвикани од Ковид-19. Исто така ниту бројот на починати не е намален со користење …

Лекот „Актемра“ не е делотворен против Ковид-19 Read More »

Во Свети Николе се отвора мобилен пункт за тестирање на Ковид-19


Мобилен пункт за земање брисеви за тестирање за Ковид-19 денеска ќе биде отворен во Свети Николе. Од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести одговорила на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена, како …

Во Свети Николе се отвора мобилен пункт за тестирање на Ковид-19 Read More »

Драстичен раст на новозаболени во Австрија по посета на циркус


  Во Австрија во изминатите 24 часа забележан е драстичен раст на новозаразени, чиј број изнесува 173. Вчера Австрија пријави 119 новозаболени. Само во Виена регистрирани се речиси половина од новозаболените, или 81 случај. Интересно е што во покраината Тирол има регистрирано 27 нови случаи, а тие се доведувата во врска со посета на циркус. …

Драстичен раст на новозаболени во Австрија по посета на циркус Read More »