Германска студија: Еден од пет пациенти хоспитализирани со Ковид-19 починал

TOPSHOT - Suzanne Valette 88 year old infected with COVID-19, meets with his son Philippe Melard through a plexiglass lock inside the contenair at the Buissonets retirement home which has been converted into a visiting room for the relatives, in Horion-Hozemont a section of the municipality of Grace-Hollogne, on April 29, 2020 - Belgium is in its seventh week of confinement in the ongoing corona virus crisis. The government has announced a phased plan to attempt an exit from the lockdown situation in the country, continuing to avoid the spread of Covid-19. (Photo by JOHN THYS / AFP)

Повеќе од една петтина од пациентите со Ковид-19 кои добиле болничка нега во Германија на почетокот на оваа година починале, покажа една студија.

Според истражувањето, стапката на морталитет кај оние што биел на респиратори била дури и повисока, односно 53 проценти.

Студијата ја спровел Институтот за научни истражувања WIdO на АОК, еден од најголемите провајдери на здравствено осигурување во Германија, заедно со Диви – здружение на индустријата за итна помош и Техничкиот универзитет во Берлин.

Истражувачите анализирале податоци од околу 10.000 пациенти, од кои 1.700 биле ставени на респиратор.

Кај пациенти кои не биле на респиратор, стапката на смртност е значително пониска, на 16 проценти.

Авторите на студијата, објавена во списанието „Лансет респираторна медицина“, рекоа дека ова е прва национална анализа на Германија за затворени болнички случаи.

Истражувањето е засновано на податоци за административни побарувања на АОК, за кои се вели дека опфаќаат речиси третина од германското население.

Податоците биле од пациенти примени во 920 германски болници меѓу 26 и 19 април, се вели во соопштението.

– Овие високи стапки на смртност јасно покажуваат дека релативно голем број на пациенти со многу сериозен тек на болеста биле третирани во болниците, изјави Јирген Клаубер, директор на WIdO.

– Ваквиот сериозен тек на болести главно влијае на постарите лица и луѓето чие здравје е веќе загрозено, но се јавува и кај помладите пациенти, додаде тој.

Според регистарот на Диви, 258 пациенти со Ковид-19 остануваат на интензивна нега во Германија, од кои половина се на респиратори (заклучно со вторникот).

Во регистарот се наведени над 15.000 затворени случаи на Ковид-19, од кои четвртина биле со смртен исход.