Шилегов: Никој нема донесено одлука за Универзална


 

Досега никој нема донесено каква било одлука за Универзална сала, објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на „Фејсбук“.

Тој најави дека во 13 часот во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи брифинг со новинари за Универзална сала.

„На овој брифинг, јавноста ќе биде запознаена со сите досегашни постапки кои се водени за Универзална сала, како и за идните постапки кои ќе ги спроведе градот, пред да биде донесена било каква одлука“, напиша Шилегов.

Инаку, пред некој ден од Град Скопје објавија конкурс за идејно решение за изградба на парк со мала сцена на местото на Универзална сала во Скопје, со идеја повеќенаменска сала да се гради на друга локација, на пример, во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Ваквата идеја наиде на лавина реакции во јавноста, со оглед на тоа што Универзална е симбол на Скопје, а изградена е по катастрофалниот земјотрес во главниот град, со донации од 35 земји.