Во Србија нови 372 заразени, починаа седуммина


 

Според последните податоци во Србија се регистрирани 372 нови случаи со корона вирус во последните 24 часа.

Починаа седум пациенти.

Според Министерството за здравство на респиратори во болниците се 143 пациенти, што е за 13 помалку од вчера.

„Белград е темпирана бомба и така ќе биде се додека трае пандемијата“, рече денеска д-р Предраг Кон.

„Епидемиолошката крива почна да се спушта, но се работи за мали поместувања“, вели член на Кризниот штаб.