Пожар во селата околу Требиње, се слушнале 20 експлозии


 

Во тек е гасење на пожарот кја Требиње, Босна и Херцеговина, кој почна вчера околу 13 часот и се прошири кон околните села, а денеска се слушанле 20-тина експлозии.

Тоа им го отежнува гасењето на пожарот на пожарникарите.

Мештаните од неколку села велат дека и порано тука имало пожари, но овој е најлош досега, пренесува босански „Независне новине“.

Еден од пожарникарите кој работи 40 години вели дека досгеа немал покомплициран пожар за гасење и вели дека експлозиите потекнуваат од тромблони, куршуми и бомби.

„Тоа е фрлено оружје, затоа што се случувало луѓето да фрлаат отпад, а во него да има и оружје“, додава тој.

Во вечерните часови во гасењето на пожарот ќе се вклучи и хеликоптер.

Сообраќајот на регионалниот пат е отежнат поради густ чад.