Рекордни 363 новозаразени во БиХ, десетмина починаа


 

Во изминатите 24 часа во БиХ регистрирани се 363 нови случаи со корона вирус, на тестирани 1.669 примероци, од кои во Федерацијата 227 позитивни, а во Република Српска 136.

Во Федерацијата биле тестирани 994 примероци, а вкупно од почетокот на епидемијата 84.699. Ковид-19 е потврден кај 6.332 лица.

Оздравеле 3.165 пациенти, активни се 3.022, а 145 починале.

Денеска починале петмина, а пријавени се уште девет починати во периодот од 25-27 јули.

Во Република Српска тестирани се 675 примероци, од кои 136 биле позитивни.

Пријавени се три смртни случаи.

Досега во РС потврдени се 4.624 случаи со корона вирус, починале 160, а оздравеле 2.224 лица.

Во дистриктот Брчко има нови 20 случаи, а починале двајца.