Драстичен раст на новозаболени во Австрија по посета на циркус


 

Во Австрија во изминатите 24 часа забележан е драстичен раст на новозаразени, чиј број изнесува 173. Вчера Австрија пријави 119 новозаболени.

Само во Виена регистрирани се речиси половина од новозаболените, или 81 случај.

Интересно е што во покраината Тирол има регистрирано 27 нови случаи, а тие се доведувата во врска со посета на циркус.

Со тоа зголемен е бројот на актуелно заболени во Австрија на 1.606.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, кон крајот на февруари, позитивни на корона вирус тестирани се 20.797 лица, од кои 18.528 се излечени.

Во болница се 89 оациенти, од кои 15 на интензивна нега.

Австрија досега спроведе 870.602 тестиранања на корона вирусот.