Двајца велосипедисти завршија во болница откако се судриле на Кеј


Фото: Б. Грданоски

На 28.07.2020 во 20.00 часот на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван С.А.Д.(52), а другиот од Н.К.(35), и двајцата од Скопје.

По незгодата, велосипедистите биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни,  а на Н.К. телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.