Нобеловата награда за хемија за Французинката Емануел Шарпентие и Американката Џенифер Дудна
Генетичарките, Французинката Емануел Шарпентие (51 година) и Американката Џенифер Дудна (56 години), на кои оваа година ќе им биде доделена Нобеловата награда за хемија, развија „молекуларни ножици“ способни да ја модифицираат ДНК. Нивната соработка овозможи развој на технологијата „Crispr-Cas9“, честопати претставена како прецизни „генетски ножици“, што овозможува да се уреди ДНК во самата клетка. Французинката …