Нобеловата награда за хемија за Французинката Емануел Шарпентие и Американката Џенифер Дудна

Генетичарките, Французинката Емануел Шарпентие (51 година) и Американката Џенифер Дудна (56 години), на кои оваа година ќе им биде доделена Нобеловата награда за хемија, развија „молекуларни ножици“ способни да ја модифицираат ДНК.

Нивната соработка овозможи развој на технологијата „Crispr-Cas9“, честопати претставена како прецизни „генетски ножици“, што овозможува да се уреди ДНК во самата клетка. Французинката работи како директор на истражувачкиот центар Макс Планк за патогени науки во Берлин, додека американката е професор на универзитетот Беркли во Калифорнија, двете лауреати станаа шестата и седмата жена што добиле Нобелова награда за хемија од 1901 година.

-Тоа е фантастична награда, која многумина ја чекаа – коментираше хемичарот Пернила Виттунг Стафшед од Нобеловиот комитет за време на презентацијата на лауреатите.

Наградената технологија е стара само 8 години, многу кратка во споредба со многу други наградени трудови. Но, ретко кога технологијата доживува толку блескав успех, и квалификативот „револуционерна“ што го користи Нобеловиот комитет во врска со неа.

Моделиран во одбранбениот систем на одредени бактерии против вирусни напади, Crispr-Cas9 овозможува да се инхибираат, изменат или заменат еден или повеќе гени директно во клетката или организмот, со прецизност и брзина која е неспоредлива до тогаш. Технологијата функционира на сите живи суштества – бактерии, растенија, животни, луѓе. Првите клинички испитувања врз луѓе неодамна започнаа да третираат крвни заболувања или рак.

Научниците исто така, многу ја користат за развој на лабораториски животни, вклучително и примати, погодени од човечки генетски болести, заштедувајќи им месеци на работа. Во агрономијата, Crispr-Cas9 се користи за создавање сорти ориз или пченица отпорни на габи, бактерии или пестициди. Истражувачите исто така покажаа дека тие можат да направат комарци отпорни на маларија.

Сепак, техниката е сè уште далеку од непогрешлива и предизвикува страв од нејзината злоупотреба, како што направи еден кинески научник кој предизвика скандал користејќи го на човечки ембриони за време на ин витро оплодување, по кое се родија близнаци.