Во Министерството за политички систем работат 44, а плата земаат 1.410 лица


Македонија е најверојатно единствената земја во светот каде што во Владата постои Министерство во кое се ангажирани само 3 отсто од вкупниот број вработени. Такво е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците коешто троши огромни суми пари на граѓаните за плати на луѓе коишто не одат на работа, пишува ПИНА.

Година и пол по формирањето, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците сѐ уште е во фаза на просторно консолидирање и кадровско екипирање. Иако на платниот список има околу 1400 формално вработени лица, сепак, моментално, според информациите што ги добивме, во рамките на Министерството реално работат 44 лица. Но, како што велат оттаму, тенденцијата е во иднина бројката да достигне околу 150 лица, со цел навремено и квалитетно да се остваруваат утврдените надлежности.

Дел од овие 44 лица кои секојдневно ги извршуваат работните обврски сега се стационирани во централниот дел на Владата, каде што всушност се наоѓа и кабинетот на министерот Артан Груби. Во друг дел од владината зграда, пак, поточно во седмата купола, се наоѓаат работните простории на друга група вработени. Најпосле, уште еден дел од нив се наоѓаат во зградата на Министерството за земјоделство, каде што беа преместени во периодот кога се реконструираше владината зграда и останаа таму до ден-денес.

Целиот текст прочитајте го ТУКА