Наставничка позитивна на Ковид-19 стави во изолација 15 првачиња во ОУ„ Гоце Делчев“ во Центар


Петнаесет првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во скопската населба Центар од синоќа се во 14-дневна изолација откако една наставничка е позитивна на корона вирус, пишува „360 степени“.

„За една наставничка е потврдено дека е позитивна на Ковид-19. Вчера добивме резултати и веднаш им се јавивме на родителите. Таа ќе држи онлајн-настава, а децата се во изолација“, изјави за „360 степени“ директорката на училиштето, Наде Молеровиќ.

Таа рече дека уште една наставничка е во изолација како сомнителна и ги чека резултатите од тестирањето в сабота. Таа дотогаш ќе остане дома, додека децата од нејзиното одделение одат на настава со заменски наставник.

„Сѐ додека не се потврди дека таа има Ковид-19, децата ќе одат во училиште. Наставничката можеби има само настинка. В сабота, ако се покаже дека се работи за ковид, в понеделник ќе ги изолираме децата“, изјави Молеровиќ.