Министерката Стефоска во самоизолација


Министерката за култура, Ирена Стефоска, е во самоизолација откако било потврдено дека член од нејзиниот кабинет е позитивен на Ковид-19.

Таа вели дека ќе ги извршува работните обврски од дома.

„Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид-тестот, чијшто термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места. На оние кои се борат со Ковид-19 им посакувам побрзо задравување, да останат силни и истрајни. Почитувајте ги мерките, се гледаме наскоро!“, напиша Стефоска на „Фејсбук“.