ВМРО-ДПМНЕ предлага четири место еден викенд без ДДВ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман на владиниот предлог за викенд без ДДВ во кој наместо еден, ќе се дополнат уште четири викенди – по еден во  ноември и декември 2020 година, и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година.

– Така ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците со македонски производи и така ќе се зајакнува економијата и ќе се помага на производителите на македонски производи – рече Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Со нашиот предлог реално ќе се помогне на граѓаните, а не само декларативно. Доколку СДСМ се искрени во намерата да им помогнат на граѓаните, ќе го прифатат овој наш амандман. Со тоа и ќе го реализираат она што го ветија. Во спротивно ќе покажат дека ја лажеле и манипулирале јавноста во предизборни цели – додаде Јорданов.