Три европски земји пријавија рекорден број новозаразени

 

Три земји од ЕУ, Бугарија, Украина и Чешка, објавија рекорден број новозаразени со корона вирус.

Во Бугарија, во последните 24 часа регистриран е рекорден број новозаразени – 436, а починаа осум пациенти. Од почетокот на пандемијата заразени се 22.306 луѓе, а починаа 862 пациенти.

Бројот на случаи со корона вирус почна да расте кон крајот на септември, пренесе Ројтерс.

И Украина регистрира рекорден број – 4.753 новозаразени во последните 24 часа. Вчера имаше 4.661 новозаболеми, соопшти Националниот совет за безбедност.

Досега вкупно се регистрирани речиси 240.000 заболени и 4.597 починати, пренесе Тасс.

Бројот ан заболени од крајот на септември и почетокот на октомври на дневно ниво расте за повеќе од 4.000, што ја наведе украинската влада да ги продолжи рестриктивните мерки до крајот на октомври.

Во Чешка пак, регистрирани се 4.457 новозаразени со корона вирус, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Досегашниот рекорд изнесуваше 3.784, а Ќешка е една од европските земји во која пандемијата најбрзо се шири во последниот месец.Досега регистрирани се 90.022 случаи, а починаа 794 пациенти.