И Полска бележи рекорди со корона вирусот: 3.003 новозаразени, 75 починати


Полска

 

Полска денеска објави дека е забележан нов рекорд од дури 3.003 нови случаи со корона вирус, како и дека ова е најцрниот ден од избивање на епидемијата.

Починаа дури 75 луѓе.

Епидемиолошката ситуација драстично се влошува во Полска, а Владата размислува за нови рестриктивни мерки за да се избегне потполно затворање на државата, пренесе Ројтерс.

Досега во Полска починаа 2.792 пациенти од последиците од Ковид-19, а потврдени се 107.319 случаи на зараза со корона вирус.