Хрватска со сѐ повисоки бројки на новозаразени, денеска 363


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 363 нови случаи со Ковид-19, а активниот број случаи изнесува 1.830.

Меѓу нив 344 се лекуваат во болница, а 26 се на респиратор.

Во истиот период починаа пет пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Хрватса вкупно заболеа 18.447 лица, од кои 309 починаа. Вкупно оздравеа 16.308 од кои 116 во последното деноноќие.

Во самоизолација се 9.675 лица

До денеска се тестирани 338.594, од кои 5.353 во последните 24 часа.