Наумовска: Учебната година може да почне и на 10 септември


– Почетокот (на учебната година) не мора да биде 15-ти, може да биде и 10 септември. Ако Собранието побрзо биде функционално и ги има формирано работните тела односно комисиите, и ако тие законски измени ги изгласаат, можеби и побргу да биде донесена конечната одлука кога да почне учебната година – вели заменик-министерката за образование Елизабета …

Наумовска: Учебната година може да почне и на 10 септември Read More »

Падна првата оставка во Белорусија


  Амбасадорот на Белорусија во Словачка, Игор Лешчења, кој пружи поддршка за протестите против Александар Лукашенко, соопшти дека поднесол оставка. Агенцијата АП пишува дека овој потег укажува на растечкото несогласување со официјалната политика во зенјата на високо ниво на власта. Белорускиот амбасадор во Словачка, Лешчења во интервју рече дека бил логичен потаг откако преку видео-снимка …

Падна првата оставка во Белорусија Read More »

Пендаровски: Без доверба во институциите, ја ризикуваме националната безбедност


Довербата на граѓаните во институциите се гради и заслужува само преку одговорна политика и бескомпромисна борба со оние што ги кршат законите, независно од нивната функција и моќ. Ако не сме еднакви сите пред законот и ако политичката власт се користи за личното, а не за јавното добро, таквата држава нема перспектива, порача денеска претседателот …

Пендаровски: Без доверба во институциите, ја ризикуваме националната безбедност Read More »

Финската премиерка Сана Марин се сомнева дека има корона вирус


Финската премиерка Сана Марин најави дека ќе направи тест за Ковид-19 заради лесни симптоми на болеста, пренесуваат британските медиуми. Марин на Твитер напиша дека има благи симптоми на респираторна инфекција, поради што има намера да направи тест за корона вирусот и да работи од дома. Финските власти, минатата недела за првпат препорачаа носење маски во …

Финската премиерка Сана Марин се сомнева дека има корона вирус Read More »

Охриѓанка загина од удар на мопед управуван од 17-годишник


Шеесет и осум годишна охриѓанка вчера загина, откако во неа удри мопед „Лонгија“ управуван од 17-годишник од Охрид. – На 17 август, во 20 часот било пријавено дека во Охрид на улица „Ристо Чадо“, мопед „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ. (68) од Охрид. Б.Ѓ. била пренесена …

Охриѓанка загина од удар на мопед управуван од 17-годишник Read More »

Спасен повреден планински велосипедист на Баба


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека вчера по пријава за повреден планински велосипедист на планината Баба, нивниот тим веднаш со помош на теренско возило се упатил кон местото викано „Антени“, а на повреденото лице му била пружена медицинска помош. Повредениот е транспортиран до Здравствениот дом во Битола на понатамошно лекување. Како што соопшти …

Спасен повреден планински велосипедист на Баба Read More »

Ѓурчиновски: Денот на Армијата првпат го славиме како полноправен член на НАТО


Денес го одбележуваме 28-от роденден на Армијата, прва година како полноправна членка на НАТО на што сме особено горди. Членството во Алијансата е бенефит и привилегија на секое демократско општество. Но, кредибилна и почитувана членка ќе бидеме само со респектирање на демократските вредности, лојалност кон сојузништвото, солидарност и спроведување на националните обврски, рече началникот на …

Ѓурчиновски: Денот на Армијата првпат го славиме како полноправен член на НАТО Read More »

(Во живо) Централна свеченост за Денот на армијата


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска со објава на Фејсбук го честиташе Денот на Армијата – 18 август. – Честит роденден Армијо наша. Нека љубовта и лојалноста кон татковината ти го осветлуваат патот кон иднината, наведе Шекеринска во објавата. Таа воедно истакнува дека и чест и гордост што годинава првпат Денот на Армијата …

(Во живо) Централна свеченост за Денот на армијата Read More »

Оставка на канадскиот министер за финансии заради политиката на трошење


Канадскиот министер за финансии, Бил Морно, поднесе оставка поради несогласувањата со премиерот Џастин Трудо околу политиката на трошење, откако беше прозван за врски со добротворна организација за почнување програма за стипендирање студенти. Морно се повлече откако другите министри се спротивставија на износот за финансирање на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и инвестициите во проекти …

Оставка на канадскиот министер за финансии заради политиката на трошење Read More »

Во фабрика за слатки во Велика Британија заразени 72 работника


Во фабриката за слатки во Нотингемшир, во Англија, 72 работници се позитивни на коронавирусот, пренесе Скај Њуз. Како што се наведува, тестирани биле 701 вработени, а сега Националната здравствена служба ќе ги тестира сите 1.600 работници. Околу 33 вработени, кои биле позитивни, се вратиле на работа откако определено време биле во изолација. Минатата недела беше …

Во фабрика за слатки во Велика Британија заразени 72 работника Read More »

Во светот заболени од Ковид-19 се 22 милиони луѓе


Според податоците на сајтот „Ворлдометер“, бројот на заразени со Ковид-19 во светот достигна 22 милиони, починале над 770 илјади, а оздравеле близу 15 милиони. Активни случаи во овој момент се над 6,5 милиони, а во критична состојба се 64.000 заболени. Најмногу заразени и починати и натаму има во САД, а на второто и третото место …

Во светот заболени од Ковид-19 се 22 милиони луѓе Read More »

Игор Алулоски од ГАК: Македонската гинеколошка онкологија ја подигнуваме на европско ниво


ниверзитетската клиника за гинекологија и акушерство и доктор Игор Алулоски, како главен истражувач се дел од значајна меѓународна студија-SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија. – Станува збор за голема интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското …

Игор Алулоски од ГАК: Македонската гинеколошка онкологија ја подигнуваме на европско ниво Read More »

Казнети 379 лица за неносење заштитна маска


Во текот на изминатото деноноќие на целата територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 379 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. МВР,  воедно, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Стручно тело на МАСИТ ќе работи на изнаоѓање решение за реализација на наставата


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ одлучи итно да состави стручно тело за изнаоѓање решенија за администрирање на образованието во претстојната учебна година. Одлуката е донесена вчера на вонредна седница на Управниот одбор. -Земајќи ја предвид комплексноста на состојбата, непредвидливиот курс на промени во земјава, регионот и светот настанати како последица на пандемијата …

Стручно тело на МАСИТ ќе работи на изнаоѓање решение за реализација на наставата Read More »

Италија се подготвува за отворање на училиштата – спремни сме на жртви


  Италија, која беше најтешко погодена европска земја од пандемијата од Ковид-19 ќе поднесе посебни жртви за да го обезбеди почетокот на школската година на средината од спетември, вели министерот за здравство Роберто Сперанца. „За помалку од месец мора да ги отвориме училиштата и факултетите. Тоа зависи од совесното однесување на сите нас, почнувајќи од …

Италија се подготвува за отворање на училиштата – спремни сме на жртви Read More »

За една година, 73 илјади работни места помалку во Хрватска


За само една година, од крајот на јуни минатата година до крајот на јуни оваа година, бројот на вработени во Хрватска се намали за повеќе од 73.000. Бројот на невработени се искачи на повеќе од 150.000, што е невидено ниво на невработеност во Хрватска, пишува порталот Индекс. Намалувањето на бројот на вработените и скокот на …

За една година, 73 илјади работни места помалку во Хрватска Read More »

(Видео) Португалскиот претседател спаси две жени чиј кајак се превртел во морето


  Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса помогна во спасувањето на две жени чиј кајак се превртел во морето во покраината Алгарве. На фотографијата се гледа како овој седумдесет и едногодишник плива кон жените кои ги носеле морските струи. Претседателот на Португалија во моментот е на одмор за да го промовира португалскиот туризам. Имено, …

(Видео) Португалскиот претседател спаси две жени чиј кајак се превртел во морето Read More »

Протест на медицинските сестри во Бугарија


Медицинските сестри во Бугарија, поставија шатори пред Министерството за здравство со цел да го искажат своето незадоволство од односот кон нив. – Ние поставивме шаторски камп денеска затоа што злоупотребите во здравството продолжуваат, затоа што третманот кон нас е безобразен, затоа што голем дел од колегите кои работат во единиците за интензивна нега не одмориле …

Протест на медицинските сестри во Бугарија Read More »

Регистрирани нови 103 случаи со Ковид-19, починаа тројца


Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 13 -Куманово 26 -Штип 5 -Прилеп 7 -Тетово 3 -Охрид 2 -Кавадарци 6 -Гостивар 15 -Гевгелија 2 -Струмица 1 -Крива Паланка 2 -Демир Хисар 7 -Берово 1 -Виница 5 -Делчево 2 -Свети Николе 3 -Кичево 2 -Неготино …

Регистрирани нови 103 случаи со Ковид-19, починаа тројца Read More »

Го пронајдоа поранешниот шпански крал Хуан Карлос – од 3 август е во ОАЕ


Поранешниот шпански крал Хуан Карлос од 3 август престојува во Обединети Арапски Емирати, изјави денеска портпаролот на кралското семејство. Хуан Карлос во изјава објавена на 3 август наведе дека ќе ја напушти земјата, но не ја наведе крајната дестинација. Одлуката на 82-годишниот Хуан Карлос да замине од Шпанија и да живее во друга држава уследи …

Го пронајдоа поранешниот шпански крал Хуан Карлос – од 3 август е во ОАЕ Read More »