Во светот заболени од Ковид-19 се 22 милиони луѓе

Според податоците на сајтот „Ворлдометер“, бројот на заразени со Ковид-19 во светот достигна 22 милиони, починале над 770 илјади, а оздравеле близу 15 милиони.

Активни случаи во овој момент се над 6,5 милиони, а во критична состојба се 64.000 заболени.

Најмногу заразени и починати и натаму има во САД, а на второто и третото место се Бразил и Индија.

Бројот на заразени лица се зголемува за еден милион речиси на секои четири дена во последниот месец – 21 милион заразени беа достигнати ноќта помеѓу 13 и 14 август.