Финската премиерка Сана Марин се сомнева дека има корона вирус

Финската премиерка Сана Марин најави дека ќе направи тест за Ковид-19 заради лесни симптоми на болеста, пренесуваат британските медиуми.

Марин на Твитер напиша дека има благи симптоми на респираторна инфекција, поради што има намера да направи тест за корона вирусот и да работи од дома.

Финските власти, минатата недела за првпат препорачаа носење маски во јавноста поради зголемувањето на бројот на заразени лица.

Според најновите податоци од универзитетот „Џон Хопкинс“, од почетокот на пандемијата во Финска се регистрирани над 7.700 случаи на Ковид-19, а животот го загубија 334 лица.