Италија се подготвува за отворање на училиштата – спремни сме на жртви

 

Италија, која беше најтешко погодена европска земја од пандемијата од Ковид-19 ќе поднесе посебни жртви за да го обезбеди почетокот на школската година на средината од спетември, вели министерот за здравство Роберто Сперанца.

„За помалку од месец мора да ги отвориме училиштата и факултетите. Тоа зависи од совесното однесување на сите нас, почнувајќи од младите“, изјави Сперанца за Ла Република.

Во уредбата потпишана во неделата вечер министерот нареди затоврање на сите дискотеки и места за ноќен живот и нареди носење маски во јавност меѓу 18 часот и 6 часот наутро на местата каде има групирање на луѓе.

Во понеделник навечер во Рим, на Шпанскиот плоштад, полицајците преку разглас ги предупредуваа туристите да стават заштитна маска.

Министерот вели дека е тоа неизбежно ако сакаат да го обезбедат почетокот на учебната година.

„Мора да земеме предвид дека последните недели драстично опадна старосната граница на новозаболените“, предупреди тој.

Сперанца вели дека не сака да ги обвинува младите, туку напротив, од нив бара помош во задржувањето на заразата под контрола.

Додека во неколку европски земји се заканува ширење на епидемијата, Италија, релативно е поштедена, и се обидува да го спречи летниот пробив кон крајот на Ферагостo – италијански празник.