(Во живо) Централна свеченост за Денот на армијата


Фото: Б. Грданоски

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска со објава на Фејсбук го честиташе Денот на Армијата – 18 август.

– Честит роденден Армијо наша. Нека љубовта и лојалноста кон татковината ти го осветлуваат патот кон иднината, наведе Шекеринска во објавата.

Таа воедно истакнува дека и чест и гордост што годинава првпат Денот на Армијата – 18 Август го одбележуваме како Армија на земја членка на НАТО.

– Ви благодарам што ме направивте горда министерка за одбрана, додава Шекеринска во објавата.

Проследете ја централната свеченост по повод Денот на армијата:

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/305431457460132/