Спасен повреден планински велосипедист на Баба


Фото: Апла

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека вчера по пријава за повреден планински велосипедист на планината Баба, нивниот тим веднаш со помош на теренско возило се упатил кон местото викано „Антени“, а на повреденото лице му била пружена медицинска помош.

Повредениот е транспортиран до Здравствениот дом во Битола на понатамошно лекување.

Како што соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување, во акцијата за спасување се вклучиле Министерството за внатрешни работи, Брзата помош од Битола и Дирекцијата за заштита и спасување со Тим за спасување од планина од ПОЗС- Битола.

Инаку, како што пренесе битолскиот портал Апла, момче од Битола на возраст од 25 години било тешко повредно во месноста викана Широка во Националниот парк Пелистер,  откако со својот велосипед возел на стрмна патека. Од тешките повреди нанесени врз главата, торзото и рацете, момчето паднало во безсознание  и во таа состојба било извлечено. Неофицијално момчето било дел од нашите битолски бајкери од “extreme bike“ тимот од Битола.

Несреќата се случила денеска по 13 часот кога неговите другари со кои возел велосипед се јавиле за помош во  Тимот за спасување на планина, при Дирекцијата за заштита и спасување.