Падна првата оставка во Белорусија


 

Амбасадорот на Белорусија во Словачка, Игор Лешчења, кој пружи поддршка за протестите против Александар Лукашенко, соопшти дека поднесол оставка.

Агенцијата АП пишува дека овој потег укажува на растечкото несогласување со официјалната политика во зенјата на високо ниво на власта.

Белорускиот амбасадор во Словачка, Лешчења во интервју рече дека бил логичен потаг откако преку видео-снимка пружи поддршка за протестите, кои во земјата траат од 9 август, по претседателските избори на кои Лукашенко освои шести мандат.

Лешчења во таа објава во саботата изрази солидарност со сите оние кои излегоа на улиците во Белорусија за по мирен пат да искажат мислење и став и истакна дека е шокиран од постапувањето на полицијата кон демонстрантите.

Лешчења за независниот портал Tut.by изјави дека од него како амбасадор кој го поставил претседателот, се очекува да ја следи политиката која ја заговара Лукашенко.

Амбасадорот рече дека министерството за надворешни работи на Белорусија смета дека со својот граѓански став тој ја преминал границата.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко допрва треба да ја потпише оставката на амбасадорот во Словачка.

Лешчења (52) е првиот висок владин функционер кој ги поддрша протестите против Лукашенко.