Гутереш го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина и да ги запре конфликтите за да може да се фокусира на пандемијата Ковид-19. – Ние мора да сториме се за да избегнеме нова Студена војна, нагласи Гутереш во обраќањето на речиси целосно виртуелно Генерално собрание на …

Гутереш го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина Read More »

Во Србија 61 новозаразен


  Во Србија денеска до 15 часот регистрирани се 61 нов случај со Ковид-19, а нема починати. Во изминатите 24 часа тестирани се 6.814 лица. На респиратори се 23 пациенти. Вкупно досега во Србија тестирани се 1.084.893 лица на корона вирус. Вкупниот број починати е 743.

Средба Џафери – Брегу: Решавање на отворените прашања меѓу државите во регионот за подобар стандард на граѓаните


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет ја прими Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка. -Претседателот Џафери изрази задоволство од оваа повторна средба со Брегу, кога регионалната соработка се интензивира и продлабочува, а особено во време на пандемија кога повеќето меѓународни состаноци се одржуваат виртуелно. Тој …

Средба Џафери – Брегу: Решавање на отворените прашања меѓу државите во регионот за подобар стандард на граѓаните Read More »

Засега останува препораката учебната година да почне на 1 октомври


Засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа. Ја следиме работата на градинките. Секојдневно ги следиме бројките во одредени општини, за да евентуално дадеме препорака само на дел од земјата, и не само врз основа на бројката, туку и контактите, кој од кого се заразил. Анализираме повеќе параметри – вели министерот за здравство …

Засега останува препораката учебната година да почне на 1 октомври Read More »

Во Хрватска нови 144 случаи со корона вирус


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 144 нови случаи на заразени со коронавирус и две починати лица. Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 1.894, соопшти Штабот за цивилна заштита. Меѓу нив 278 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 се на респиратор. Од 25 февруари оваа година забележан е …

Во Хрватска нови 144 случаи со корона вирус Read More »

Филипче: Состојбата со Ковид-19 се влошува


Состојбата кај нас како и секаде во светот, со крајот на летото се влошува. Велика Британија, Чешка, Франција, Шкотска, Израел, планираат да ги заострат мерките. Франција ги заострува мерките, меѓудругото ќе забрани и посети меѓу домаќинствата. Тоа е она што го најавувавме, дека септември ќе биде почеток на нов бран, рече министерот за здравство Венко …

Филипче: Состојбата со Ковид-19 се влошува Read More »

Врховен суд уште не ги доставил списите до кривичен за Јанкулоска да оди во затвор


Врховниот суд уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казната од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Вршителот на должност претседател на Врховен суд на РСМ, Фаик Арслани, за МИА вели дека сѐ уште се работи на предметот, односно дека се …

Врховен суд уште не ги доставил списите до кривичен за Јанкулоска да оди во затвор Read More »

(Во живо) Прес на министерот за здравство Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во 13.30 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објасни понатамошните мерки за сузбивање на епидемијата од корона вирус. Се очекува да објасни зошто имаме висок број починати, а особено дневните бројки се зголемија последната седмица.

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ


Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ и е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со францускиот …

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ Read More »

Прилепчанец се удавил во базен, друг загина во сообраќајка


Во две одделни несреќи животот го изгубија двајца прилепчани, едниот се удавил во фабрички базен, другиот со мотор удрил во столб. Имено, во понеделникот, на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал …

Прилепчанец се удавил во базен, друг загина во сообраќајка Read More »

Сведок во ,,Титаник”: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ


Од 90-тите години сум член на ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш сум донирал парични средства во партијата, изјави сведокот Наќо Николовск од Кичево, во случајот ,,Титаник”, наведувајќи дека тоа го има направено во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, но не во банка. – Никогаш не сум уплатил во банка во име на партијата, меѓутоа секој месец …

Сведок во ,,Титаник”: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Моден Викенд Скопје од 1 до 3 октомври во Јавна Соба


FWSK и ONLYAFEW најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и странство, што ќе се претстават во рамки на тридневниот шоурум „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври во Јавна Соба. Поканата е отворена за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн, кои ќе имаат уникатна можност да се запознаат со …

Моден Викенд Скопје од 1 до 3 октомври во Јавна Соба Read More »

Судењето против браќата Усеини одложено за 26 октомври


Првото рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд Охрид се води против браќата Усеини е одложено за 26 октомври. Причина за одложувањето е влошената здравствена состојба на Ибраим Усеини, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини. Според кажаното на денешното појавување пред Судот, Ибраим Усеини имал проблеми со …

Судењето против браќата Усеини одложено за 26 октомври Read More »

(Во живо) Прес на министерот за економија Крешник Бектеши


Денеска, вторник со почеток во 11 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за економија Крешник Бектеши. На вчерашната прес-конференција Бектеши рече дека очекува до крајот на неделава да биде готов четвртиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството. – Со новиот сет на мерки ќе бидат таргетирани најпогодените сектори, но и граѓаните кои имаат …

(Во живо) Прес на министерот за економија Крешник Бектеши Read More »

Сеизмолог: Во Загреб е можен земјотрес 30 пати посилен од оној во март


Во Загреб ноќеска и утрово се регистрирани послаби земјотреси, а голем број жители на хрватскиот главен град се во постојан страв од нов голем земјотрес, пишува порталот Индекс. Разорниот земјотрес кој во март предизвика голема материјална штета го смени животот на жителите на Загреб, а Томислав Фикет од хрватската сеизмолошка служба за РТЛ изјави дека релаксацијата на почвата и …

Сеизмолог: Во Загреб е можен земјотрес 30 пати посилен од оној во март Read More »

Почнува судскиот процес против браќата Усеини


Во Основниот суд Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште по предметот кој се води против бизнисменот и советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини, јави Охрид њус. Обвинетите се сомничат дека на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, извршиле грубо насилство врз охриѓанецот Спирко Топалоски. Обвинението ги товари браќата Усеини само …

Почнува судскиот процес против браќата Усеини Read More »

Шведска нема да ги вакцинира децата против корона вирусот


Шведската Влада нема да препорача вакцинирање за корона вирусот на децата под 18-годишна возраст, бидејќи шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцината. Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на …

Шведска нема да ги вакцинира децата против корона вирусот Read More »

Рекорден број новозаболени во Грција од почетокот на пандемијата


  Во Грција денеска забележани се 453 нови случаи со корона вирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Најмногу заболени се поврзани со жариштето во мигрантскиот камп на островот Лезбос – 184, додека 174 новозаразени се од Атина и околното подрачје. Вкупниот број заразени со корона вирус во Грција во моментот изнесува 15.595, …

Рекорден број новозаболени во Грција од почетокот на пандемијата Read More »

Анализа: Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да платат за наемнина во август


Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да ја платат наемнината во август. Осумдесет и седум проценти од баровите, рестораните, ноќните клубови и простори за настани во петте општини не можеа да ја платат целата августовска кирија, според податоците од 457 бизниси испитани меѓу 25 август и 11 септември, …

Анализа: Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да платат за наемнина во август Read More »

Собранието донесе Закон за основно и средно образование и за вонредни услови


Пратениците на денешната седница со 61 пратеник „за“, ниту еден „против“ и 28 „воздржани“, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и со 61 глас „за“, еден „против“ и 25 „воздржани“ го донесе Закоконот за изменување и дополнување на Законот за средно образование, по скратена постапка. Министерката за образование и …

Собранието донесе Закон за основно и средно образование и за вонредни услови Read More »