Врховен суд уште не ги доставил списите до кривичен за Јанкулоска да оди во затвор

Фото: Б. Грданоски

Врховниот суд уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казната од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Вршителот на должност претседател на Врховен суд на РСМ, Фаик Арслани, за МИА вели дека сѐ уште се работи на предметот, односно дека се работи за комплексен случај.

„Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по опширно образложение, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена“, вели Арслани.