Во Хрватска нови 144 случаи со корона вирус

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 144 нови случаи на заразени со коронавирус и две починати лица.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 1.894, соопшти Штабот за цивилна заштита.

Меѓу нив 278 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 се на респиратор.

Од 25 февруари оваа година забележан е првиот случај на заразата во Хрватска, до денес вкупно се забележани 15.136 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 255 починале.

До денес вкупно се тестирани 267.297 лица.

Вкупно се излекувале 12.987 лица, од тоа 250 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално во Хрватска се 9.822 лица.