Гутереш го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина и да ги запре конфликтите за да може да се фокусира на пандемијата Ковид-19.

– Ние мора да сториме се за да избегнеме нова Студена војна, нагласи Гутереш во обраќањето на речиси целосно виртуелно Генерално собрание на ОН.

– Ние се движиме во многу опасна насока. Нашиот свет не може да си дозволи иднина каде што двете најголеми економии го поделија светот во голема фрактура – секоја со свои трговски и финансиски правила и капацитети на интернет и вештачка интелигенција, рече тој, без да ги спомене САД и Кина.

Во последните неколку месеци се зголемија тензиите меѓу САД и Кина, а претседателот Доналд Трамп го обвини Пекинг за пандемијата Ковид-19, која однесе околу 950.000 животи низ целиот свет.

Гутереш е со став за ставање крај на сите насилни конфликти и светот да се фокусира на запирање на пандимијата. Тој посочи на некои делумни успеси, вклучувајќи прекин на огнот прогласен во Камерун, Колумбија и Камерун.

Тој се залага за прекин на огнот во конфликтните зони до крајот на годината.