Рекорден број новозаболени во Грција од почетокот на пандемијата


 

Во Грција денеска забележани се 453 нови случаи со корона вирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Најмногу заболени се поврзани со жариштето во мигрантскиот камп на островот Лезбос – 184, додека 174 новозаразени се од Атина и околното подрачје.

Вкупниот број заразени со корона вирус во Грција во моментот изнесува 15.595, додека од последиците од Ковид-19 досега починаа 344 пациенти.

Во Грција од денеска се заострени мерките против Ковид-19, кои ќе бидат на сила следните две недели.