Филипче: Интерните клиники се подготвени да примаат пациенти, лекарите се целосно мобилизирани


Инфраструктурата и тимовите во одделенијата на Интерните клиники се целосно подготвени за прием на пациенти, вклучително и третиот кат од зградата кој е снабден дел со кислород, дел со концентратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој утрово имал координативен состанок на кој биле анализирани бројот на пациенти и како се одвивал приемот вчера. Нагласи …

Филипче: Интерните клиники се подготвени да примаат пациенти, лекарите се целосно мобилизирани Read More »

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат


Заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, вчеравечер на работна средба со дел од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) разговарал за активностите на инспекторите во изминатите девет месеци, а повразани со контролите на терен што ги спроведуваат за почитување на здравствените протоколи и …

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат Read More »

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД


Екипи на турската полиција за борба против тероризмот во Истанбул уапсија 19 странски државјани, за кои е утврдено дека вршеле активности во корист на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и подготвувале напад. Акцијата е спроведена истовремено на 16 адреси во девет области на Истанбул. Првичната истрага покажува дека уапсените лица подолго време престојувале во зоните …

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД Read More »

Кандидатурата за претседавање со ОБСЕ ќе биде на дневен ред на декемврискиот состанок на Организацијата


На предлог на Министерството за надворешни работи, а со одлука на Владата, Република Северна Македонија поднесе кандидатура за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција соопшти дека денеска со писмо го известил премиреот на Албанија Еди Рама, сегашен претседавач на ОБСЕ, со …

Кандидатурата за претседавање со ОБСЕ ќе биде на дневен ред на декемврискиот состанок на Организацијата Read More »

Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ


Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори. Ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус. …

Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ Read More »

Изречени 692 санкции за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 692 прекршоции, соопшти МВР. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Од утре задолжителна зимска опрема во возилата


Министерството за внатрешни работи информира дека утре почнува обврската за поседување зимска опрема во возилата што ќе трае до 15 март. МВР дава и појаснување за обврските на учесниците во сообраќајот утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за …

Од утре задолжителна зимска опрема во возилата Read More »

„Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед


Кредитната агенција „Фич“ го потврди рејтингот на земјава на „ББ+“ со негативен изглед. Потврдата на рејтингот се должи од една страна на спроведувањето на добри политики на владеење, развој на човечкиот капитал, индикаторите за поволна бизнис-клима, кохерентноста на макроекономската и фискалната политика, како и процесот на евроинтеграции. Од друга страна се негативните ефекти на Ковид-кризата …

„Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед Read More »

Туркменистан тврди дека во земјата нема случаи на Ковид-19


Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов тврди дека во неговата земја нема случаи на корона вирусот, објавија денеска локалните медиуми. Изјавата на Бердимухамедов е дадена за време на отворањето на нова болница за инфективни болести. Тој ја поздрави „големата ангажираност“ на државата при избегнувањето на вирусот, пишува државниот весник „Неутрален Туркменистан“. – Како резултат на преземените …

Туркменистан тврди дека во земјата нема случаи на Ковид-19 Read More »

Прва вселенска мисија на „СпејсИкс“


Компанијата „СпејсИкс“ на милијардерот Елон Маск ќе се обиде утре да испрати четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС), во рамки на првата мисија на НАСА во која ќе се користи приватно произведено летало за превоз на луѓе. Лансирањето на капсулата, наречена „Отпорност“, беше закажано за денеска од центарот на НАСА на Флорида, но е …

Прва вселенска мисија на „СпејсИкс“ Read More »

Град Скопје организира „Историска тура со Маршалот“


„Историска тура со Маршалот“ организира Град Скопје. Стартот на турата е закажан  за утре во 12 часот и ќе се поминат објектите и наследството од југословенскиот период во Скопје. -Стартна точка е Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата, а турата ќе ја води Војче Китаноски, се вели во објавата на Фејсбук.  

Црногорец по грешка примал поголема пензија, треба да врати 155.000 евра


  Воен пензионер од Црна Гора единаесет години по грешка ка црногорскиот пензиски завод примал десет пати поголема пензија од таа што требало, а сега судот му наложил да врати 155.000 евра. Пензионерот со решение на Фондот за социјално осигурување од 2007 година остварил право на инвалидска пензија во висина од 822,52 евра, но се …

Црногорец по грешка примал поголема пензија, треба да врати 155.000 евра Read More »

Дури 10.000 помалку заразени во Франција, по воведувањето карантин


Во последните 24 часа се регистрирани 23.794 нови инфекции со коронавирус во Франција, што е драстично намалување во споредба со 33.172 нови случаи во четвртокот или 60.486 минатиот петок, пишува Ројтерс. Забележан е и значителен пад на хоспитализациите. Во последните 24 часа, 24 лица со тешки симптоми на инфекција биле примени во болниците, за разлика …

Дури 10.000 помалку заразени во Франција, по воведувањето карантин Read More »

Нема веќе свадби, родендени, сочувства во Црна Гора, налагаат рестриктивните мерки


Здравствените власти во Црна Гора усвоија нови рестриктивни епидемиолошки мерки што ќе се применуваат низ целата земја од недела до 1 декември. Националното координативно тело за контрола на заразни болести ќе го ограничи движењето низ целата земја од 21 до 5 часот наутро, а предвидена е и забрана за патување на долги релации за време …

Нема веќе свадби, родендени, сочувства во Црна Гора, налагаат рестриктивните мерки Read More »

Конечни резултати во САД: Бајден доби 306, а Трамп 232 електорски гласови


Американските медиуми вечерва ја објавија проекцијата на конечните резултати од претседателските избори одржани на 3 ноември, според кои избраниот претседател Џо Бајден освои 306, а актуелниот претседател Доналд Трамп 232 електорски гласови. Американските медиуми дојдоа до тој резултат откако ја проектираа победата на Бајден во сојузната држава Џорџија и на Трамп во Северна Каролина. Како …

Конечни резултати во САД: Бајден доби 306, а Трамп 232 електорски гласови Read More »

Во Словенија починаа 38 пациенти со Ковид-19, а 1.508 се заразени


  Во Словенија денеска се регистрирани 1.508 случаи со корона висру, а од последиците на истиот починаа 38 пациенти, соопшти словенечката влада. Тестирани се 5.762 лица, од кои 26,2 отсто се позитивни, пренесе порталот 24UR. На болничко лекување се 1.199 пациенти, од кои 200 на интензивна нега.

(Видео) Заложничка драма во Монтреал


Во Монтреал, Канада, во тек е заложничка криза во зградата на компанијата „Убисофт“, јавија тамошните медиуми. „Ги молиме луѓето да го избегнуваат овој дел од градот. Полицијата во моментот ги проверува информациите и наскоро очекува повеќе детали“, пишува во кусото соопштение. На видео-снимките кои кружат на интернет се гледа голем број полицајци вооружени со снајпери …

(Видео) Заложничка драма во Монтреал Read More »

Мајсторовиќ: Барањата на Бугарија не можат да донесат ништо добро


Мора да останеме оптимисти до последен миг и да се надеваме дека бугарската Влада сепак ќе сфати дека е во интерес токму на Бугарија и на самата Европска Унија, преговорите со Македонија и Албанија да почнат оваа година, како што беше тоа и планирано, изјави српскиот аналитичар Срѓан Мајсторовиќ во емисијата „Еурофокус“ на телевизија Телма. …

Мајсторовиќ: Барањата на Бугарија не можат да донесат ништо добро Read More »

Починаа 25 пациенти од Ковид 19, новозаразени 1.064


Во последните 24 часа се направени 3.096 тестирања, а регистрирани се 1.064 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 541 -Куманово 57 -Дебар 4 -Штип 46 -Прилеп 24 -Тетово 57 -Струга 23 -Велес 44 -Битола 43 -Охрид 33 -Кавадарци 25 -Гостивар 12 -Гевгелија 11 -Струмица 23 -Крива Паланка 8 -Радовиш 12 -Крушево 2 -Кочани 10 -Пробиштип …

Починаа 25 пациенти од Ковид 19, новозаразени 1.064 Read More »

Филипини: Најмалку 42 лица загинаа во налетот на тајфунот Вамко


Најмалку 42 лица загинаа, а 20 се водат за исчезнати во поплавите предизвикани од тајфун Вамко на Филипините, соопштија тамошните власти. Војската, полицијата, крајбрежната стража и спасувачките екипи спасија десетици илјади луѓе заробени во вода и кал. Многумина избегаа преку покривите на своите домови, а некои апелираа за помош преку радио и ТВ станици и …

Филипини: Најмалку 42 лица загинаа во налетот на тајфунот Вамко Read More »